Политика за приватност на Друштво за консалтинг услуги ТАСКФОРЦЕ БПО ДОО увоз-извоз Битола
Во текот на Вашите активности, Друштво за консалтинг услуги ТАСКФОРЦЕ БПО ДОО увоз-извоз Битола, со седиште на ул. Арон Ароести бр. Битола, застапувано од управителот Ацо Додовски (во понатамошниот текст Друштвото) обработува лични податоци.
Оваа политика ги објаснува видовите информации кои може да ги собереме и задржиме при посета на веб-страницата на Друштвото, како и на кој начин се користат тие информации и со кого се споделуваат податоците. Исто така, одредува на кој начин може да нè контактирате доколку имате прашања или сте загрижени за овие информации.
Ние сме посветени на чување на Вашите лични податоци приватни и безбедни. Сегашната Политика за приватност има за цел да Ве информира како и зошто ги обработуваме Вашите лични податоци во однос на:
- нашата веб-страница (во понатамошниот текст “веб-страница”) и
- извршување на нашата дејност во својство на контролор за лични податоци.
- Правен основ за употреба на вашите лични податоци
За користење на вашите лични податоци, како што е утврдено во оваа политика за приватност, ги земаме предвид следниве правни основи:
а) Употребата на вашите лични податоци е неопходна за да ги извршиме нашите обврски според било кој договор со Вас
б) Употребата на вашите лични податоци е неопходна за да се исполнат нашите законски обврски
в) Кога не важат ниту (а) ниту (б), користењето на вашите лични податоци е неопходно заради нашите легитимни интереси или легитимните интереси на други (на пример, за да се осигура безбедност на нашата веб-страница).
Наши легитимни интереси се:
1) Вoдење, раст и развој на нашиот бизнис;
2) Oперативност на нашата веб-страница;
3) Осигурување на безбедна работна средина за нашите вработени и посетители;
4) Маркетинг;
5) Обезбедување на услуги на нашите клиенти;
6) За внатрешни административни цели
г) Вашите лични податоци може да ги користиме каде што сте дале ваша согласност и во таков случај, Вие имате право (во одредени околности и ако тоа не влијае на нашите договорни обврски со вас, законските обврски и нашите легитимни интереси) да ја повлечете таа согласност во било кое време што нема да влијае на законитоста на обработката пред да се повлече вашата согласност. За повлекување на согласност, контактирајте нѐ на следниот e-mail:
marija.gjorshevska@taskforcebpo.com.
- Заштита на лични податоци
Обработката на личните податоци се врши според прописите за заштита на личните податоци, преку преземање пропишани технички и организациски мерки за обезбедување на доверливост и заштита на обработката на личните податоци.
Вашите лични податоци може да ги споделиме со трети страни кога е тоа во наши легитимни интереси заради внатрешни административни цели или во случај да сте ја дале Вашата согласност за користење на Вашите лични податоци од фотографии, видео, аудио и материјали со маркетинг содржински за наше промовирање.
Ние не ги продаваме вашите лични информации на трети страни.
Исто така, може да откриеме лични информации за корисникот, ако од нас се бара да го сториме тоа со закон, регулатива или друг владин орган или на друг начин во соработка со истрага на владин орган;
Само овластени вработени во нашата компанија имаат пристап до Вашите лични податоци, тие се должни да ги чуваат Вашите лични информации, и се обучени да обезбедат тајност и заштита при чување и обработка на истите.
- Чување на лични податоци
Oвие информации од веб-страницата и личните податоци што ги обработуваме во име на корисниците, ги чуваме онолку колку што е потребно за да ги обезбедиме услугите. Овие лични информации ќе ги чуваме и користиме колку што е потребно, заради усогласување со законските обврски, решавaње на спорови и спроведување на нашите договори со корисниците и/или во временскиот период што се бара со законите во применливите јурисдикции.
- Вашите права
Вие имате одредени права во врска со Вашите лични податоци. Доколку сте аплицирале за некоја конкретна работна позиција, врз основа на Вашето писмено барање (Барањето може да го најдете на нашата страна), Вие имате право:
- Право на пристап – потврда од Друштвото дали се обработуваат лични податоци за Вас и доколку се обработуваат, пристап до информациите предвидени согласно член 19 од Законот за заштита на лични податоци
- Право на исправка на неточни лични податоци кои ги обработува Друштвото (член 20)
- Право на бришење („право да се биде заборавен“) – барам Друштвото да ги избрише моите лични податоци кои ги обработува (член 21)
- Право на ограничување на обработката (член 22)
- Право на преносливост на податоците (член 24)
- Право на приговор против обработката на личните податоци (член 25), вклучително и приговор против автоматизирано донесување на поединечни одлуки (член 26) .
Доколку сакате дополнителни информации во врска со овие права или би сакале да примените некое од нив, Ве молиме контактирајте нѐ на нашата електронска пошта: marija.gjorshevska@taskforcebpo.com во било кое време.
Ние ќе ги разгледаме сите такви барања и ќе Ви одговориме во разумен период (во било кој случај, во било колкав период кој што е пропишан со применлив Закон). Ве молиме имајте во предвид дека сепак, одредени лични податоци можe да бидат исклучок од ваквите барања во одредени околности.
Доколку постои некој исклучок, ќе Ве информираме за истиот во нашиот одговор на Вашето барање. Пред да одговориме на било кое Ваше барање, би можеле да побараме од Вас да ни дадете информации кои се неопходни за да го утврдиме вашиот идентитет.
- Маркетинг
Ние можеби ќе фотографираме, снимаме аудио, видео материјали, да припремаме содржински маркетинг материјали како што се блог постови, на социјалните мрежи, во склоп на Вашата работа во Друштвото. Со цел да ја промовираме компанијата на трети страни, на профилите на социјалните мрежи што ги поседуваме како и официјалната веб-страница што ја поседуваме на Интернет, ние можеби ќе ги користиме такви фотографии, аудио, видео материјал или маркетинг материјал што содржат Ваши лични податоци.
За вакви цели, ние секогаш ќе бараме Ваша согласност а вие имате право да ја повлечете Вашата согласност преку е-поштата за контакт: marija.gjorshevska@taskforcebpo.com, во секое време а наша обврска е да престанеме да ги користиме ваквите материјали.
- Кои информации ги собираме и обработуваме?
Друштвото ги собира, користи, чува и обработува Вашите лични податоци кои се неопходни за извршување на дејноста на компанијата која обезбедува консултантска и административна поддршка од разновиден карактер.
За таа цел ги обработуваме следниве типови на лични податоци:
- Ако сакате да аплицирате за работна позиција во нашата компанија преку нашата веб-страница, согласно Ваша кратка биографија – име и презиме, адреса за е-пошта, телефонски број, дата на раѓање, држава и адреса на живеење, фотографија, националност, како и други лични податоци во содржината на кратката биографија
- Кога ќе ја посетите нашата веб-страница – IP адреса.
- Информации добиени од колачиња – Ве молиме погледнете го делот Колачиња.
- Доколку пристапите до нашата веб-страница на Вашиот мобилен телефон или уред, ние исто така можеме да ги собереме уникатниот идентификатор на уредот и IP адресата на мобилниот уред, како и информации за оперативниот систем на Вашиот уред, мобилниот оператор и информациите за Вашата локацијa.
- електронска и хартиена коресподенција меѓу нас (ако содржи лични податоци).
Имајте предвид дека дел од обработката на Вашите лични информации погоре е неопходна за да ја поднесете Вашата апликација и истата да биде обработена од страна на нашите овластени вработени.
- Откривање на трети лица
Друштвото не продава, разменува или изнајмува лични податоци на трети страни. Личните податоци можат да се објавуваат само во согласност со законските прописи утврдени со регулативата за заштита на личните податоци, како и други важечки прописи. Со цел да ги исполниме нашите активности, можеме да ги споделиме Вашите лични податоци со: даватели на услуги за пребарувачи, кои му помагаат на Друштвото во подобрување и оптимизирање на веб-страницата (на пр. само технички информации); даватели на услуги кои вршат услуги во наше име (како што се ИТ компании); судски органи, државни агенции или јавни органи, на барање и до степен дозволен со закон и одредени регулирани професионалци, како што се адвокати, нотари, извршители или ревизори; ако сме обврзани да ги дистрибуираме или споделуваме Вашите лични податоци со цел да се придржуваме кон која било законска обврска или да се спроведе било каков договор со Вас или нашите добавувачи за да ги заштитиме правата, сопственоста, сигурноста на нашите клиенти или други.
- Меѓународен трансфер
Меѓународниот трансфер на лични податоци се прави исклучиво со добиено законско одобрение од Агенцијата за заштита на лични податоци на РСМ.
Вашите лични податоци им ги пренесуваме само на земји што се потврдени дека обезбедуваат соодветно ниво на правна заштита.
Ние секогаш ќе преземаме чекори за да обезбедиме внимателно управување со секој меѓународен трансфер на податоци, со цел да се заштитат вашите права и интереси.
- Период на задржување
При определување на периодите на задржување на податоците, ги земаме предвид локалните закони и договорните обврски. Кога повеќе не ни требаат информациите, ние безбедно ги бришеме или уништуваме. Друштвото ќе ги задржи Вашите информации само онолку колку што ни требаат и каде имаме легитимна причина да го сториме тоа. Друштвото ќе зачува лични податоци под одредени околности, како што се регулаторните барања, а во одредени ситуации Друштвото можеби ќе треба да ги чува податоците за подолг временски период.
- Вашите права
Имате право да:
- ги бришете Вашите лични податоци под одредени околности, доколку Вашите податоци повеќе не се потребни за целите за кои се собрани и немаме други правни основи за обработка на податоците;
- се спротивставите на обработката на Вашите лични податоци во секое време, од легитимни причини, освен ако не е поинаку дозволено со важечките закони, или да поднесете жалба до надзорните органи. Ако поднесете приговор, имаме можност да покажеме дека имаме легитимни интереси кои ги заобиколат Вашите права и слободи;
- да ја ограничите обработката на Вашите информации само под одредени законски услови;
- ги пренесете Вашите податоци, што значи да обезбедиме лични информации за Вас или друг контролор во најчесто употребуван, машински читлив формат, но само кога обработката на таа информација е заснована на
- Вашата согласност; или
- Извршување на договор на кој сте член.
- ја повлечете во секое време Вашата согласност за обработка на лични податоци кога обработката е заснована на Ваша согласност (како што е примање на маркетинг пораки од нас) без да влијае на законитоста на обработката врз основа на согласноста дадена пред нејзиното повлекување.
Ако не сте задоволни со тоа како управуваме со Вашите лични податоци, имате право да поднесете жалба до регулаторот за заштита на податоците.
- Валидност и ажурирање на Политиката за приватност
Друштвото има право да ја ажурира оваа политика за приватност во секое време. Кога ќе го направиме ова, ние ќе ја објавиме ажурираната верзија на нашата веб-страница со наведување на датумот на ажурирањето. Вие прифаќате дека е Ваша одговорност периодично да ја проверувате Политиката за приватност и сте свесни за промените.
Контактирајте нè
Ако имате прашања во врска со Политиката за приватност за лични податоци, практики или комуникација со страницата, Ве молиме контактирајте нè на:
- Адреса: ул. ,,Арон Ароести” бр. , 7000 Битола
- Телефон: 070-787-686
- Емаил: marija.gjorshevska@taskforcebpo.com